Деновиве, во тек се активности на садење нов цветен расад, низ зелените површини во градот. Екипите работат на промена на летниот цветен расад со зимски – сезонски цветен расад, од видот: хризантема, декоративна украсна зелка, виола и бела рада. Со ова садење ќе се опфати уредување на цветните леи и фигури низ јавните зелени површини,
Активностите за уредување на зеленилото низ градот, екипите посветено ги реализираат и во општина Карпош. На површина од 5.960 м², етапно се изврши  подигање ново зеленило, поставувајќи нов систем за полевање. Поточно на аголот помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Љубљанска“ во близина на ТЦ Сити мол, ова е целосно ново зазеленување на овој простор.
„Кој е начинот на размножување на зимзелените садници? Како се размножуваат цвеќињата? Колку време е потребно за да пораснат?“, беа дел од прашањата кои ги поставија денешните гости при посетата на производствените расадници на претпријатието. Се надеваме дека успеавме да им помогнеме на младите полесно да ги совладаат основните процеси за развојот на растенијата. Со
Потврдувајќи ги заложбите за заедничките активности, вчера директорот на ЈП „Паркови и Зеленило“ – Скопје, Ардијан Муча, и Здружението за помош на деца со посебни потреби, „Го сакам Виножитото“ – Скопје, потпишаа Меморандум за соработка. Целта на соработката е активно вклучување на децата  со посебни потреби во секојдневниот живот  и регулирање на начинот на соработка
Целосно реконструирање со нов тревник, нов систем за полевање и ново хортикултурно уредување на простор од 3.500м² од денес го разубавува  булеварот „8 Септември“. Ги потврдуваме нашите заложбите за зазеленување во близина на сообраќајниците низ градот. Екипите на јавното претпријатие продолжуваат и во наредниот период со реконструкција на зеленилото и на останати локации низ градот.
Нов тревник, хидрантска мрежа и прскалки ќе ја разубават десната страна на бул. Никола Карев, во правец кон х. Континентал. Екипите на терен реконструираат 3800 м² странично зеленило а потоа ќе започнат и со работа на уште 3300 м² на средишната површина на булеварот, каде ќе се постави нов систем капка по капка, тревник и
Како претпријатие водејќи се од начелата и принципите за зачувување на животната средина, се  грижиме за уредување на зеленилото, а како составен дел на јавните зелени површини и за парковите за миленици. Адаптирани, со соодветни елементи за рекреација наменети за домашни миленици овие паркови ги изградивме на повеќе локации во градот. Заложбите во овозможување на
Оваа убавина не е ниту во Швајцарија ниту во Германија, туку во паркот САРАЈ - точно во срце на Скопје. И ние имаме кристално природна убавина, ајде заедно да ја чуваме, да ја промовираме, и да му ја знаеме вредноста.
На повеќе локации во градот, изминатиов период нашите екипи извршија садење на млади садници. Липа, платан и декоративна сребрена елка се дел од дрвјата со кои се уредија повеќе зелени површини во Скопје. Оваа акција на садење листопадни и зимзелени садници низ постоечкото зеленило, како и надополнување на местата каде e потребно, се дел од