Периодов нашите екипи интензивно работат на терен засадувајќи го летниот расад, косејќи ги и полевајќи ги јавните зелени површини, како и расчистувајќи го зеленилото од откос и секаков вид на отпадоци.
Директорот Сефи Шабани денеска направи увид на состојбата и текот на активностите низ зеленилото.
Новиот расад од видовите: тагетес, агератум, бегонија, целозија, колеус, цинија цинерарија, салвија, е од нашите производни капацитети и веќе ги оплеменува зелените површини.
Летниот расад ќе ги разубавува цветните леи и фигури со своите интензивни бои во престојниот период се до наесен.
Share