За добредојде во нашето Скопје, она што сигурно ќе го забележите и ќе ве пречека на зеленило на булевар Александар Македонски е уредената цветна леа СО ЉУБОВ ЗА СКОПЈЕ.
Цветниот слоган е токму тој кој се издвојува во зелениот простор на булеварот каде деновиве екипите од тој реон го украсија со жолтиот тагетес и црвената салвија, давајќи убав шарм на булеварското зеленило при влезот на градот.
Share