Една од површините на кои периодов работиме по налог на Град Скопје е хортикултурно уредување на зелен плоштад – Касарна Илинден Универзитет Мајка Тереза.
Обиколка на површината и увид во текот на работните активности направи директорот Сефи Шабани заедно со дел од раководниот тим на претпријатието.
Интервенциите ги извршуваме етапно со прекопување на површината, пренос на шут, подигање тревник како и поставување на систем за полевање.
Со проектното уредување предвидено е садење вегетација на зимзелени и листопадни садници, украсни грмушки, како и поставување на нова урбана опрема.
Share