Екипите деновиве се ангажирани на повеќе локации низ градот, со активности за уредување, одржување и расчистување на јавните површини. Во кањонот Матка се реализираат активности за уредување и одржување на патиштата и околниот простор. На терен беше и директорот Муамер Сефери, кој го следеше текот на работата и реализацијата на активностите. Во Ѓорче Петров се
Уредување на зеленилото во централното градско подрачје. Во центарот на градот се уредува зеленилото, а цвеќињата во жардиниерите дополнително внесуваат боја и убавина во јавните површини и го разубавуваат плоштадот. Продолжуваме со уредување на зелената приказна на градот.
Теренските екипи денеска работат во парк Македонија, каде што се врши косење на тревните површини и дување со дувалка. Продолжуваме и со расчистување на повеќе локации низ градот, со собирање и отстранување на паднатите гранки и дрвна маса. Активностите продолжуваат и во наредниот период, со цел расчистување на сите локации.
Покрај секојдневните активности на отстранување паднати гранки, утрово теренските екипи од реон Ѓорче Петров вршат поткастрување и обликување на нискостеблестата вегетација низ жардиниерите на главните сообраќајници во реонот.
Работните активности на терен продолжуваат со отстранување на паднати гранки од јавното зеленило, машинско косење, уредување и расчистување на смет и отпадоци. Активностите се одвиваат на локација на реон Карпош, Центар, Аеродром, Кале, Чаир и Бутел.
Денес теренските екипи работните задачи ги започнаа со косење и уредување на зеленилото низ паркот Македонија. Истовремено, машинско косење се спроведува и низ останатите јавни површини на булеварското и парковско зеленило во градот.
Продолжуваат активностите за редовно одржување на градското зеленило на повеќе локации низ Скопје. Екипите секојдневно се на терен и работат согласно потребите, при што се врши собирање и отстранување на паднатите гранки, расчистување на зелените површини и нивно тековно одржување. Активностите ќе продолжат секојдневно и во наредниот период, сѐ до целосно расчистување и уредување на
Во непосредна близина на градот го имаме мега-паркот Даме Груев кој како зелена оаза е пријатно место за одмор и релаксација овие летни денови. Уредената вегетација, садниците и цвеќињата даваат убавина на паркот за кој се задолжени нашите екипи, реализирајќи ги секојдневно потребните работни активности за негова грижа.
Благодарејќи на ангажманот на оперативните служби од реон Сарај, овој парк е секогаш уреден и чист.
Денес оперативните служби вршат машинско косење и расчистување на кејот на реката Вардар, од десната страна по течението. Ова е дел од тековните активности за уредување на зеленилото во градот, според претходно утврдениот план и програма за работа.