Од предвидените планирани активности на теренските екипи од градско зеленило го издвојуваме денешното косење на тревна површина на улицата Васко Карангелески и булевар АСНОМ, во општина Аеродром.
Булеварското зеленило покрај сообраќајниците изобилува со уредени површини и разновиден саден материјал, каде што основна задача е одвојување на движењето на пешаците и околната станбена зона од неповолното влијание на бучавата, загаденоста од издувните гасови од автомобилите и прашина притоа овозможувајќи микроклиматски услови и поубав изглед на самите зелени коридори во градот.
Share