Посетете го паркот Чаир, еден од најстарите паркови во Скопје, кој изгледа одлично благодарение на интензивните активности на нашите теренски екипи.
Косење на трева, собирање откос, хартија и отпадоци се вообичаени секојдневни активности на нашите екипи, согласно програмата за работа и надлежноста. Одржувањето на парк Чаир како и булеварското зеленилото во оваа општина, се дел од јавното зеленило во градот за кое се грижиме во континуитет.
Share