Хронолошки развој на претпријатието:

1923 – 1941

1923 – 1941 година се појавуваат организирани активности за уредување на зеленилото во Скопје, при што ќе бидат подигнати првите дрвореди, ќе се прошири и Градскиот парк, ќе се уредат плоштадите, а ќе бидат изградени и парковски површини со помали димензии.

1945

Во 1945 година – по ослободувањето на Скопје, ќе биде интегриран целиот професионален и креативен потенцијал за обновување на зеленилото во Градот, при што е формирано тогашното претпријатие „ГРАДИНИ И ПАРКОВИ“.

1954

Во 1954 година – Собранието на град Скопје ќе ја основа „ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ГРАДСКО И ВОНГРАДСКО ЗЕЛЕНИЛО“, период во кој интензивно започнуваат активностите за пошумување на парк-шумите Водно, Гази Баба, Француските гробишта и Зајчев Рид.

1961

01.03.1961 – Ќе престане со работа Дирекцијата за градско и вонградско зеленило и ќе биде основано КОМУНАЛНОТО ПРОИЗВОДНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „Паркови и зеленило“, со што започнува нов и значаен развоен период.

1972

Во 1972 година – „Паркови и зеленило“ ќе се спои со другите комунални претпријатија на град Скопје, со што ќе биде основано новото комунално услужно претпријатие „Комуналец“.

1992

Во 1992 година – со трансформацијата на КПП „Комуналец“, претпријатието ќе се организира како посебно јавно претпријатие „Паркови и зеленило“.