МИСИЈА

Квалитетно одржување и подигнување на јавни зелени површини во Град Скопје со посебен акцент на заштита на животната средина и постојана грижа за задоволството на граѓаните.

 

ВИЗИЈА

Современо, технички и технолошки опремено претпријатие кое на ефикасен начин нуди услуги за здрав, чист и зелен град по примерот на светските метрополи, претпознатлив по зеленилото и спектарот на бои, град кој побудува оптимизам и радост кај граѓаните и посетителите.

 

ЦЕЛИ

Основната цел на претпријатието е задоволни граѓани од нашата работа во делот  на зеленилото. За остварување на целите потребно е:

  • Унапредување и осовременување на механизацијата и опремата, со што би се унапредил процесот на работа и би се зголемила продуктивноста
  • Унапредување на контрола на квалитетот со што би се постигнало рационално искористување на ресурсите и зголемување на ефикасноста
  • Унапредување на професионалните капацитети на вработените преку обуки, едукација и селекција при вработувањето
  • Подобрување на комуникацијата и соработката со граѓаните со што би се оствариле предуслови за унапредување на квалитетот на работата и заштита на животната средина
  • Зголемена мотивираност на вработените преку обезбедување на сигурна, стабилна и мотивирачка работна средина