Работните активности на терен продолжуваат со отстранување на паднати гранки од јавното зеленило, машинско косење, уредување и расчистување на смет и отпадоци. Активностите се одвиваат на локација на реон Карпош, Центар, Аеродром, Кале, Чаир и Бутел.
Денес теренските екипи работните задачи ги започнаа со косење и уредување на зеленилото низ паркот Македонија. Истовремено, машинско косење се спроведува и низ останатите јавни површини на булеварското и парковско зеленило во градот.
Продолжуваат активностите за редовно одржување на градското зеленило на повеќе локации низ Скопје. Екипите секојдневно се на терен и работат согласно потребите, при што се врши собирање и отстранување на паднатите гранки, расчистување на зелените површини и нивно тековно одржување. Активностите ќе продолжат секојдневно и во наредниот период, сѐ до целосно расчистување и уредување на
Во непосредна близина на градот го имаме мега-паркот Даме Груев кој како зелена оаза е пријатно место за одмор и релаксација овие летни денови. Уредената вегетација, садниците и цвеќињата даваат убавина на паркот за кој се задолжени нашите екипи, реализирајќи ги секојдневно потребните работни активности за негова грижа.
Благодарејќи на ангажманот на оперативните служби од реон Сарај, овој парк е секогаш уреден и чист.
Денес оперативните служби вршат машинско косење и расчистување на кејот на реката Вардар, од десната страна по течението. Ова е дел од тековните активности за уредување на зеленилото во градот, според претходно утврдениот план и програма за работа.
Утрово теренските екипи од реон мега-парк Лепенец вршат уредување на паркот со косење на тревната површина и собирање откос. Мега-паркот Лепенец е зелено катче кое нуди пријатна атмосфера за прошетка и релаксација овие топли денови.
Паркот „Жена Борец“ денес е уреден и одржуван од страна на теренските екипи. Расцутените цвеќиња и прекрасните рози му даваат свежина, убавина и пријатен изглед на овој парк. Со посветена грижа продолжуваме да ги одржуваме зелените површини за поубав и почист град.
Утрово екипите на терен од сите реони вршат акција за косење и уредување на кејот на Вардар. Со соодветна машинска механизација, косењето се врши на потег од мостот кај булевар 8ми Септември до мост Близнак во насеба Ново Лисиче. Кејот е пријатен простор за прошетка, релаксација или пак спорт овие топли денови.
Денес го уредивме зеленилото во Рајски парк, каде интензивно се реализираа предвидените активности за косење и средување на јавната површина. Секојдневно со посветена работа вложуваме во секој зелен дел од градското зеленило, како одлика на пејсажната архитектура на градот.