Денес, ЈП „Паркови и зеленило“ се приклучи кон големата еколошка акција во организација на Град Скопје, под мотото „Не оставај ѓубре. ОСТАВИ ПРИМЕР!“ Во акцијата активно учествуваа директорот Муамер Сефери, вработените од администрацијата, оперативните екипи заедно со службите од Флораком и Луна ДООЕЛ. Со заеднички ангажман се собираше отпад и хартија и се расчистуваа зелените
Оперативните служби на ЈП „Паркови и зеленило“, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, работат на уредување и одржување на просторот долж целиот бул. „3-та Македонска бригада“. Се врши кроење на вегетацијата покрај пешачките патеки, косење на тревните површини, собирање на искосената трева и оформување на рабовите на тревниците. Паралелно, се собираат хартија и отпадоци и
Оперативните служби се на терен и континуирано работат на: • уредување на зелените површини • косење и средување на тревните површини • собирање хартија и отпадоци • чистење и уредување на просторот околу пешачките патеки. За претстојниот викенд, Матка е одличен избор за прошетка и одмор во природа.
- Водно – „Сончев град“ Се реконструира оградата, се бојадисуваат и освежуваат дрвјата, а реконструирани се и клупите и масите за посетителите. - Реон Ѓорче Петров и Реон Чаир Се врши подготовка на леите за садење на расад, како и кроење на декоративни грмушки. - Реонски центар – 3-та Македонска Се врши кроење на пироканта,
Утрово во Паркот Гази Баба се работи на уредување и освежување на просторот. Се собираат хартија и отпадоци, а се уредуваат и зелените површини. Дел од реквизитите се реконструирани и освежени со нов слој боја, а поставени се и нови клупи и маси за посетителите. Паркот за миленици е целосно реконструиран со нови елементи на
Денес оперативните служби се на терен во реоните Бутел, Чаир и Топанско поле, каде што се врши косење и уредување на зелените површини, како и собирање и расчистување гранки и отпадоци. Активностите продолжуваат и наредните денови низ различни делови на градот.
Оваа работна недела ја започнуваме со повеќе теренски активности. Екипите работат на кастрење и обликување на нискостеблестата вегетација во Карпош и Ѓорче Петров, како и на косење и уредување на зелените површини во Центар и Капиштец. Ова редовно одржување, придонесува за почисти и уредни јавни површини низ градот.
Во парк „Бранители“ во Драчево се реализира садење на зимзелени и листопадни садници во жардинерите, како дел од активностите за уредување на просторот. Активностите продолжуваат долж бул. „Партизански одреди“, каде што екипите вршат поткастрување и обликување на крошните на дрвјата. Дополнително, во парк Чаир, кај стадионот, се врши уредување на зелените површини со косење на
Низ градското зеленило се одвиваат вообичаените работни задачи за уредување, со машинско косење на тревните површини, собирање откос, хартија и расчистување на просторот. Овие работни активности екипите од утрово ги спроведуваат на кејот на Вардар, во централното градско подрачје, средишното зеленило на булевар Крсте Петков Мисирков, булевар Илинден, како и низ останатите јавни површини во
Чистото и уредено зеленило на кружните текови, среде и одстрана главните булевари во градот се резултат на секојдневна грижа и посветеност од страна на оперативните служби на нашето претпријатие.