– Водно – „Сончев град“
Се реконструира оградата, се бојадисуваат и освежуваат дрвјата, а реконструирани се и клупите и масите за посетителите.
– Реон Ѓорче Петров и Реон Чаир
Се врши подготовка на леите за садење на расад, како и кроење на декоративни грмушки.
– Реонски центар – 3-та Македонска
Се врши кроење на пироканта, со што се одржува формата и изгледот на зелените површини.
– Во Центар
Се врши и наводнување на зеленилото со цистерна.
Активностите продолжуваат секојдневно, на повеќе локации, со грижа за зеленилото и уреденоста на јавните површини.