Утрово во Паркот Гази Баба се работи на уредување и освежување на просторот.
Се собираат хартија и отпадоци, а се уредуваат и зелените површини.
Дел од реквизитите се реконструирани и освежени со нов слој боја, а поставени се и нови клупи и маси за посетителите.
Паркот за миленици е целосно реконструиран со нови елементи на постоечката локација, а изграден е и нов моторички парк.