Расчистување на зелените површини од паднати лисја, гранки, хартија и отпадоци, чистење на пешачки патеки покрај и низ парковите беа работните задачи кои нашите екипи ги спроведоа со големата акција за чистење на главниот град. Во три смени екипите од секторите: Градско зеленило, Вонградско зеленило, Подигање на зеленило, Механизација и Дрвореди ги реализираа предвидените активности