- Водно – „Сончев град“ Се реконструира оградата, се бојадисуваат и освежуваат дрвјата, а реконструирани се и клупите и масите за посетителите. - Реон Ѓорче Петров и Реон Чаир Се врши подготовка на леите за садење на расад, како и кроење на декоративни грмушки. - Реонски центар – 3-та Македонска Се врши кроење на пироканта,
Утрово во Паркот Гази Баба се работи на уредување и освежување на просторот. Се собираат хартија и отпадоци, а се уредуваат и зелените површини. Дел од реквизитите се реконструирани и освежени со нов слој боја, а поставени се и нови клупи и маси за посетителите. Паркот за миленици е целосно реконструиран со нови елементи на
Денес оперативните служби се на терен во реоните Бутел, Чаир и Топанско поле, каде што се врши косење и уредување на зелените површини, како и собирање и расчистување гранки и отпадоци. Активностите продолжуваат и наредните денови низ различни делови на градот.
Оваа работна недела ја започнуваме со повеќе теренски активности. Екипите работат на кастрење и обликување на нискостеблестата вегетација во Карпош и Ѓорче Петров, како и на косење и уредување на зелените површини во Центар и Капиштец. Ова редовно одржување, придонесува за почисти и уредни јавни површини низ градот.
Во парк „Бранители“ во Драчево се реализира садење на зимзелени и листопадни садници во жардинерите, како дел од активностите за уредување на просторот. Активностите продолжуваат долж бул. „Партизански одреди“, каде што екипите вршат поткастрување и обликување на крошните на дрвјата. Дополнително, во парк Чаир, кај стадионот, се врши уредување на зелените површини со косење на
Низ градското зеленило се одвиваат вообичаените работни задачи за уредување, со машинско косење на тревните површини, собирање откос, хартија и расчистување на просторот. Овие работни активности екипите од утрово ги спроведуваат на кејот на Вардар, во централното градско подрачје, средишното зеленило на булевар Крсте Петков Мисирков, булевар Илинден, како и низ останатите јавни површини во
Чистото и уредено зеленило на кружните текови, среде и одстрана главните булевари во градот се резултат на секојдневна грижа и посветеност од страна на оперативните служби на нашето претпријатие.
Со интензивни активности оперативните екипи спроведоа чистење и уредување на површините и пешачките патеки со собирање на лисја и гранки низ парковското зеленило. Согласно предвидениот план за работа екипите остануваат на предвидената локација се до целосно средување на паркот.
За поуреден јавен простор спроведуваме активности на обновување на дел од урбаните елементи во центарот на градот. Со соодветни препарати за заштита и одржување, деновиве нашите екипи извршија бојадисување на клупите на плоштад Македонија во центарот на градот, со што се подобрува изгледот и уреденоста на просторот, придонесувајќи за попријатна средина за сите граѓани. Продолжуваме
Денеска теренските екипи спроведуваат редовни активности за одржување – косење на тревните површини, уредување на средишната лента, одржување и наводнување на цветните насади, како и собирање хартија и отпадоци. Расцветаните цветни површини му даваат посебен шарм на просторот, внесувајќи боја, свежина и пријатна атмосфера во градот.