Денес оперативните служби работат на повеќе локации низ градот на активности за одржување и уредување на зелените површини. Се косат тревните површини во Карпош, на Кеј, на средишната лента на бул. „Партизански одреди“ и во Ѓорче Петров, каде се уредува и кружниот тек. Во Автокоманда и Капиштец се сади сезонски расад, додека во Центар се
Денес ја уредивме фигурата "Желка"со цветен расад од видот љубичица (Viola), со што просторот добива нови есенски бои. Во реоните Аеродром, Лепенец, Кале и парк Македонија се сади расад од украсна зелка (Brassica), со карактеристичните есенски бои и форми кои ќе придонесат за поубав и уреден изглед на овие локации.
Оперативните служби и денес реализираат активности за уредување и одржување на зелените површини на повеќе локации низ Скопје. Во Мега Паркот Бутел континуирано се врши уредување и редовно одржување на просторот, како и наводнување на зелените површини. Паркот е подготвен за посетителите за прошетка, одмор и слободно време во природа. Воедно, на бул. „Христијан Тодоровски
Денес, ЈП „Паркови и зеленило“ се приклучи кон големата еколошка акција во организација на Град Скопје, под мотото „Не оставај ѓубре. ОСТАВИ ПРИМЕР!“ Во акцијата активно учествуваа директорот Муамер Сефери, вработените од администрацијата, оперативните екипи заедно со службите од Флораком и Луна ДООЕЛ. Со заеднички ангажман се собираше отпад и хартија и се расчистуваа зелените
Оперативните служби на ЈП „Паркови и зеленило“, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, работат на уредување и одржување на просторот долж целиот бул. „3-та Македонска бригада“. Се врши кроење на вегетацијата покрај пешачките патеки, косење на тревните површини, собирање на искосената трева и оформување на рабовите на тревниците. Паралелно, се собираат хартија и отпадоци и
Оперативните служби се на терен и континуирано работат на: • уредување на зелените површини • косење и средување на тревните површини • собирање хартија и отпадоци • чистење и уредување на просторот околу пешачките патеки. За претстојниот викенд, Матка е одличен избор за прошетка и одмор во природа.
- Водно – „Сончев град“ Се реконструира оградата, се бојадисуваат и освежуваат дрвјата, а реконструирани се и клупите и масите за посетителите. - Реон Ѓорче Петров и Реон Чаир Се врши подготовка на леите за садење на расад, како и кроење на декоративни грмушки. - Реонски центар – 3-та Македонска Се врши кроење на пироканта,
Утрово во Паркот Гази Баба се работи на уредување и освежување на просторот. Се собираат хартија и отпадоци, а се уредуваат и зелените површини. Дел од реквизитите се реконструирани и освежени со нов слој боја, а поставени се и нови клупи и маси за посетителите. Паркот за миленици е целосно реконструиран со нови елементи на
Денес оперативните служби се на терен во реоните Бутел, Чаир и Топанско поле, каде што се врши косење и уредување на зелените површини, како и собирање и расчистување гранки и отпадоци. Активностите продолжуваат и наредните денови низ различни делови на градот.
Оваа работна недела ја започнуваме со повеќе теренски активности. Екипите работат на кастрење и обликување на нискостеблестата вегетација во Карпош и Ѓорче Петров, како и на косење и уредување на зелените површини во Центар и Капиштец. Ова редовно одржување, придонесува за почисти и уредни јавни површини низ градот.