Мобилните екипи со сета расположлива механизација во текот на ноќта до раните утрински часови работеа на расчистување на теренот и последиците од вчерашното невреме кое зафати неколку делови од градот.
По досега пристигнатите над 70тина пријави во соработка со ЦУК и МВР екипите интервенираа на следниве локации:
– улица Методија Шаторов Шарло,
– булевар Јане Сандански бр.5,7 и 108,
– булевар В.С.Бато бр.77,89 и 179,
– улица Коста Новакович бр.12 и 14,
– улица Васко Карангелевски бр.33,
– булевар АСНОМ бр.20,
– улица Руди Чаевац бр.12,
– улица Париска Комуна
– улица Разлошка и на булевар Александар Македонски
Од утрово нашите екипи продолжуваат со интензивно расчистување на скршени и паднати гранки и дрвја низ погодените локации сѐ до целосно средување на теренот.