Согласно најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за појава на променливо време, со умерен до засилен јужен ветер, апелираме до граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвја и да избегнуваат задржување во нивна непосредна близина, со цел да се намали ризикот од евентуални несакани последици. Доколку забележите паднато дрво, скршени гранки или
Нов цветен изглед добија фигурите "Штрк" во Општина Аеродром и "Торта" во Општина Чаир, кои денеска ги освеживме и ги украсивме со сезонско цвеќе од видот Миозотис ( Myosotis) и Хризантема (Chrysanthemum). Истовремено, денеска се сади есенски цветен расад на повеќе локации низ Скопје, во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, Јане Сандански, долж
Денес директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Муамер Сефери, заедно со претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, заеднички учествуваа во садењето нови садници на две локации во општина Чаир. На булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, пред објектот на Општината, беа засадени садници од видот Liquidambar. Садењето продолжи и во населбата Топанско Поле, на улицата
Во централното градско подрачје, кај Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се засадени нови садници, а дополнително се уредени и жардиниерите од двете страни на Камениот мост со нови украсни садници. Во паркот кај спомен-обележјето на Мајка Тереза се одвиваат активности за косење и уредување на тревните површини. Есенските бои на дрвјата внесуваат
Есента е периодот кога му даваме нов изглед на градот. Активностите за садење дрвја започнаа и ќе продолжат во сите реони на градот Скопје. Директорот Муамер Сефери се приклучи на екипите на терен, бидејќи грижата за зеленилото бара континуирана посветеност и заедничка работа. Секое засадено дрво е нов придонес за позелено Скопје и подобра иднина
Денес екипите од секторот Дрвореди на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ вршат кроење на гранките кои ја загрозуваат безбедноста и го попречуваат слободното движење на пешаците по пешачките патеки, како и движењето на автобусите и останатиот сообраќај. Истовремено, се отстрануваат и сувите и оштетени гранки, со цел зголемување на безбедноста на граѓаните, подобрување на проодноста и
Во нашиот расадник продолжува подготовката и снабдувањето со различни видови сезонско цвеќе, кое е подготвено за садење и разубавување на јавните површини во градот. Иако временските услови понекогаш влијаат врз динамиката на садењето на терен, подготовките продолжуваат со цел зелените површини во градот наскоро да добијат нови бои и свежина.
Традиционално, и оваа година го одбележавме месецот посветен на борбата против ракот на дојката, со симболично садење цветен расад. Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Муамер Сефери, заедно со вработените од претпријатието, симболично засадија хризантеми, оформувајќи цветна фигура во Градскиот парк.
Денес оперативните служби работат на собирање на паднатите лисја долж булеварите и на средишните ленти, се товараат и се транспортираат со камион. Истовремено, во цветните леи продолжува садењето сезонско цвеќе. Денес се сади цвеќе пред Собранието во центарот на градот. Во Општина Карпош паралелно се одвиваат активности за собирање лисја и садење цвеќе. Во Општина