Денес екипите од секторот Дрвореди на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ вршат кроење на гранките кои ја загрозуваат безбедноста и го попречуваат слободното движење на пешаците по пешачките патеки, како и движењето на автобусите и останатиот сообраќај.
Истовремено, се отстрануваат и сувите и оштетени гранки, со цел зголемување на безбедноста на граѓаните, подобрување на проодноста и одржување на општата состојба на дрвјата.