Денес директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Муамер Сефери, заедно со претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, заеднички учествуваа во садењето нови садници на две локации во општина Чаир.
На булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, пред објектот на Општината, беа засадени садници од видот Liquidambar. Садењето продолжи и во населбата Топанско Поле, на улицата „Методија Митевски“, каде што беа засадени садници од видот Prunus, како и декоративни грмушки Berberis, со што дополнително се збогатува зеленилото на овој јавен простор.
Share