Традиционално, и оваа година го одбележавме месецот посветен на борбата против ракот на дојката, со симболично садење цветен расад. Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Муамер Сефери, заедно со вработените од претпријатието, симболично засадија хризантеми, оформувајќи цветна фигура во Градскиот парк.