Eкипите од секторот Дрвореди денеска вршеа поткастрување на сувите гранки на дрвјата на улица Рузвелтова.
Собирање лисја, хартија и отпадоци како и товарање на истата маса во камион се дел од вчерашните активности на дежурната екипа во парк Македонија. На овој начин продолжуваме со одржување на зелените површини во градот.
Празничниот продолжен викенд во Скопје за нашите теренски екипи значи и зголемен број на смет, остатоци од петарди, отпушоци од цигари, стаклени шишиња и други видови на отпадоци кои денес се собираа од јавните зелени површини низ целиот град.
Работната недела ја завршуваме со собирање и товарење на паднатите лисја низ зеленилото на Кејот на Вардар, во центарот на градот.
Денес со сезонска љубичица ги уредивме цветните леи на булевар Србија во општина Аеродром.
Кроење и оформување на крошните на дрвјата деновиве е главна активност на нашите екипи во кругот на Зоолошката градина. Во соработка со Противпожарната бригада на Град Скопје, нашите екипи вршат кастрење на повисоките гранки, со цел безбедно движење на сите жители и посетители на Зоолошката градина.
Градинарскиот котонеастер (cotoneaster) е новиот вид на нискостеблесто растение со кој го започнавме уредувањето на зеленилото на средната жардиниера на булеварот Никола Карев. Садењето ќе продолжи и наредните денови, каде ќе се дополни со други видови на нови садници.
Цветната фигура Пеперутка на булевар Видое Смилевски Бато и цветната леа во Рајски парк ги уредивме со сезонски расад од видот viola, чии цветови даваат вистинско освежување во овие зимски денови.