Теренските екипи продолжуваат со садење на сезонски цвеќиња во повеќе реони, внесувајќи свежина, боја и поубава атмосфера во секојдневието на граѓаните. Продолжуваат и активностите за косење, кроење на грмушки и нискостеблеста вегетација, како и уредување на јавните зелени површини.
Теренските екипи реализираат активности за уредување и разубавување на зелените површини во општина Ѓорче Петров. Во тек е садење на нов цветен расад од видовите тагетес и цинија, при што се засадени над 2.000 коренчиња пред споменикот и во паркот, со што дополнително се збогатува зеленилото и се подобрува амбиентот за граѓаните. Паралелно со овие