Со особена гордост споделуваме дека вработените од сите сектори, вклучувајќи ги и од администрација на ЈП „Паркови и зеленило“, Флораком и Луна Дооел, освоија повеќе признанија на 32 -та “Комуналијада” , односно традиционалните синдикални спортски игри за вработените од јавните претпријатија при СУТКОЗ.
Спортските игри се одржаа од 4 до 7 јуни во Охрид каде нашите вработени постигнаа одлични резултати во спортските дисциплини:
🥇 Прво место – Аранжирање на цвеќе
🥇 Прво место – Куглање (мажи)
🥈 Второ место – Фудбал
🥈 Второ место – Куглање (жени)
🥈 Второ место – Влечење јаже (мажи)
🥉 Трето место – Пикадо (жени)
🥉 Трето место – Баскет (мажи)
👏 Овие успеси се резултат на тимскиот дух, посветеноста и спортската енергија на нашите колеги, кои достојно го претставуваа претпријатието.
Упатуваме искрени честитки до сите учесници за освоените признанија и успешното претставување на ЈП „Паркови и зеленило“.
Share