Денес го уредивме зеленилото во Рајски парк, каде интензивно се реализираа предвидените активности за косење и средување на јавната површина. Секојдневно со посветена работа вложуваме во секој зелен дел од градското зеленило, како одлика на пејсажната архитектура на градот.
Поради високите температури и топлотниот бран, пуштен е системот за наводнување, а воедно продолжува и приоритетната активност – косење на тревните површини во повеќе реони низ градот. Паралелно со овие активности, се врши кастрење на надвиснатите гранки од дрвја кои го отежнуваат непреченото движење низ пешачките и велосипедските патеки, како и кроење на декоративни грмушки.
Со особена гордост споделуваме дека вработените од сите сектори, вклучувајќи ги и од администрација на ЈП „Паркови и зеленило“, Флораком и Луна Дооел, освоија повеќе признанија на 32 -та "Комуналијада" , односно традиционалните синдикални спортски игри за вработените од јавните претпријатија при СУТКОЗ. Спортските игри се одржаа од 4 до 7 јуни во Охрид каде
Уредените и одржувани зелени површини во СРЦ Сарај се резултат на посветената работа на нашите екипи, кои секојдневно се грижат за почиста и поубава околина за сите граѓани. СРЦ Сарај ве очекува како идеално место за прошетка, рекреација и уживање во природата овој викенд.
Резултат од реализираните теренски активности во реоните Чаир и Топанско Поле – искосени зелени површини и собран отпад.