Разновидни садници, видови дрвја, уредени цветни леи ја сочинуваат хортикултурно уредената зелена површина низ паркот Македонија на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов. Структурно распоредено, заедно со останатите содржини за рекреација, прошетка и одмор, парковоското зеленило претставува вистинска мини зелена оаза среде урбаната средина. Секојдневната грижа на теренските екипи за одржување и уредување на парковата површина ја
Тековни активности на одржување на зеленилото во Реонски центар. Со машинско косење на тревната површина, собирање откос, хартија и отпадоци го опфативме зеленило долж булеварот: Видое Смилевски Бато, Србија и Трета македонска бригада во општина Аеродром. Уредувањето го дополнивме со цветно декорирање на фигурата Пеперутки со од видот бегонија, како и садење на сезонски расад
Цветната фигура Штрк на булевар Јане Сандански украсена со нов цветен расад. Летниот расад од видот агератум дава целосна компактност на самата цветна конструкција на фигурата Штрк на зеленилото на булеварската жардиниера, во општина Аеродром. Цветниот дел го обновивме со засадивање на околу 700 коренчиња цвеќе, како тековна активност во обликување на цветните површини и
Денес, со сезонски цветен расад ги уредуваме жардиниерите на Кеј 13 Ноември во центарот на градот. Цветното разубавување го оформивме со засадување на 1200 коренчиња на хипоестес како дополнување на хортикултурните содржини низ површините во централното градско зеленило. Покрај неговата декоративност, убавината на овој цвет се всушност неговите шарените листови, давајќи разноликост на овој дел
Споменуваме и се сеќаваме! Те сакаме Скопје наше!
Задолжителното косење на трева и уредување на булеварското зеленило се нагласените работни задачи на нашите оперативни екипи низ градското зеленило. Со машини и тримери деновиве го уредивме зеленилото на средишната жардиниера на булевар Христијан Тодоровски Карпош во општина Бутел и улицата Цветан Димов во општина Чаир.
Уредено зеленило со цветни леи и ладовина под широките крошни на дрвјата во паркот Жена Борец, летниот период овозможуваат пријатен престој на минувачите во центарот на градот. Тековните активности за хортикултурно уредување и одржување на зеленилото во централното градско подрачје нашите екипи секојдневно ги спроведуваат.
Мобилните екипи со сета расположлива механизација во текот на ноќта до раните утрински часови работеа на расчистување на теренот и последиците од вчерашното невреме кое зафати неколку делови од градот. По досега пристигнатите над 70тина пријави во соработка со ЦУК и МВР екипите интервенираа на следниве локации: - улица Методија Шаторов Шарло, - булевар Јане
Од предвидените планирани активности на теренските екипи од градско зеленило го издвојуваме денешното косење на тревна површина на улицата Васко Карангелески и булевар АСНОМ, во општина Аеродром. Булеварското зеленило покрај сообраќајниците изобилува со уредени површини и разновиден саден материјал, каде што основна задача е одвојување на движењето на пешаците и околната станбена зона од неповолното