Во рамки на своите редовни активности оперативните екипи од секторот Дрвореди се секојдневно на терен реализирајќи Решенија издадени од Сектор за комунални работи на Град Скопје.
Денес со максимална ангажираност започнаа со спроведување активности на кастрење и подигање на крошни на дрвја во општина Аеродром со што се овозможува непречено движење на пешаците и велосипедистите по патеките, се превенира пад на суви гранки и се обезбедува поголема прегледност на сообраќајната сигнализација за сите учесници во сообраќајот.