Денес на терен реонските екипи ги спроведоа сезонските активности на уредување на зелените површини низ градот.
Низ зеленилото во населбите Топанско поле, Автокоманда, Драчево парковите Жена борец и Градски парк, се работеше на собирање лисја а во делови и товарање на собраната маса во камион.
Тековно се одвиваше ѝ косење на зелените појаси на булеварите Србија и Александар Македонски, во Рајски парк, реоните Драчево и Капиштец.