Расчистување на зелените површини од паднати лисја, гранки, хартија и отпадоци, чистење на пешачки патеки покрај и низ парковите беа работните задачи кои нашите екипи ги спроведоа со големата акција за чистење на главниот град. Во три смени екипите од секторите: Градско зеленило, Вонградско зеленило, Подигање на зеленило, Механизација и Дрвореди ги реализираа предвидените активности на повеќе локации низ градското зеленило.
Во првите 24 часа се опфати средување на зеленилото на влезот на Градски парк од страната кај х. Александар Палас , потегот од Градскиот парк до плоштадот и паркот Жена борец, булеварите Св. Климент Охридски и Мајка Тереза, булеварот Илинден од раскрсницата со булевар 8ми Септември до булевар Гоце Делчев. Исто така на површините на булеварот Гоце Делчев од истоимениот мост до ул Беласица и Судска Палата како и булевар Кочо Рацин.
Во текот на следниот ден оперативните екипи работеа на дел од горенаведените локации како и зеленилото на булевар Кузман Јосифовсли Питу и потегот на булевар Илинден со улицата 8 ми Септември кон влада. Третиот ден од акцијата го реализиравме со чистење на зелените појаси на дел од булеварот Партизански одреди, Св. Климент Охридски со улицата Водњанска, зеленилото на Кеј 13 Ноември кај х. Холидеј ин, просторот кај црквата Св. Богородица, булеварот 12 Македонска Бригада, делови од Градскиот парк и останати површини низ сите скопски општини.