Теренските екипи се активни на терен и секојдневно се грижат за уреденоста на просторот на Средно Водно, каде се реализираат тековни активности, меѓу кои собирање хартија и отпадоци и одржување на чистотата.
На врвот на Водно, во тек е реконструкција и уредување на видиковците, со цел создавање поуреден, побезбеден и попријатен простор за сите посетители.
Новиот моторички парк е уште една нова содржина на Водно која ве очекува овој викенд.
Искористете го престојниот викенд за прошетка, рекреација и уживање во природата на Водно.
Апелираме до сите посетители на Водно на зголемена внимателност и одговорно однесување, особено да не фрлаат отпушоци од цигари и други запаливи материјали, со цел да се спречи опасноста од појава на пожари.