Денес камионите се на терен низ реоните Кале, Капиштец и Аеродром, за изнесување на собраниот лист од зеленилото.
Првиот снег во Скопје утрово натежна врз гранките на дрвјата и нискостеблестата вегетација. Дежурните екипи се на терен и ги ослободуваат дрвцата од снегот, со цел да се избегне кршење на гранките. Воедно тие вршат и расчистување на пешачките патеки и клупи во јавните парковски површини.
Пејзажот низ јавното зеленило периодов го дополнуваме со новоуреден цветен сезонски расад на цветните фигури и леи на повеќе локации низ градот.
Денес се работеше на уредување на зеленилото во Општина Чаир. Директорот Јетон Буќи заедно со менаџерскиот тим на претпријатието беа на терен одблиску да ги следат работите што се одвиваат во одржување и уредување на зелените површини и грижата за чиста и зелена општина.
Со нови садници од видот каталпа го уредуваме парковското зеленило во Рајски парк.
Припрема за есенско садење на млади садници во Рајски парк, населба Ново Лисиче.
Традиционално го одбележавме месецот на борбата против ракот на дојка. Денес директорот Јетон Бучи заедно со претставнички од здружението Езра и тимот на претпријатието засадија хризантеми оформувајќи ја цветната панделка во Градскиот парк, место кое секогаш не потсетува на Розовиот месец. Симболично давајќи поддршка на борбата на жените кои се справуваат со оваа болест, розовите
Со интензивни активности се одвиваат градежните работи на новиот мега-парк во општина Карпош. На површина од 86.000 метри квадратни се уредува и чисти запуштениот простор, кои долги години е неуредна површина. Во паркот покрај новата тревна површина, дрвјата и садниците, предвидена е изградба на пешачки патеки и паркинг за посетителите, нова урбана опрема и паркови