Утрово, кога природата повторно се буди, во срцето на градот вредно работат теренските екипи од сектор Дрвореди. Со посветеност и претпазливост се реализира обликување на дрвјата на Плоштад Македонија, со цел подобрување на естетскиот изглед и уредување на јавниот простор.
Теренските екипи од секторот вонградско зеленило денес се ангажирани во паркот во Сарај, каде што се реализира реконструкција на реквизити, како и собирање на лисја, гранки и отпадоци, со нивно изнесување со камион. Воедно, извршено е и чистење кај мостот во Сарај, долж реката, со отстранување на насобраниот отпад и гранки. Активностите ќе продолжат и
Нашиот приоритет во грижата за зеленилото секојдневно го спроведуваме со работните задачи на терен на: - кроење дрвја и грмушки - собирање и изнесување на лисја и хартија - расчистување и уредување на тревните површини. За тоа заслужни се нашите теренските екипи кои посветено и забележително го разубавуваат булеварското и парковско зеленило низ градското подрачје.

Започна акцијата за уредување и одржување на зелените површини во Општина Кисела Вода. Во соработка со Општина Кисела Вода денес спроведуваме активности за кастрење на дрвјата, чистење и уредување на зелените површини, како и отстранување на отпадоци. Активностите ги реализираме на ул. Коперникова и ул. Христо Татарчев и со акцијата ќе продолжиме и во наредните