Активностите на уредување на зеленилото, периодов тековно се одвиваат низ површините во сите реони на градското зеленило. Во денешното уредување на просторот во паркот Жена Борец увид направи директорот Јетон Буќи, заедно со дел од раководниот тим на претпријатието поздравувајќи ги теренските екипи и посакувајќи им успешна работа. Новиот летен расад веќе ги краси дел
Нови моторни дувалки, тримери, машини за кроење, моторни пили големи, моторни пили мали и телескопски пили се дел од новата механизација на претпријатието. Новата опрема е предвидена со цел спроведување и реализирање на утврдената Програма за работа, како и поголема успешност и ефикасност во извршување на секојдневните работни задачи.
И денес косење на тревните површини останува главна активност на нашите теренски екипи реализирајќи го низ реонските делови на парковското и булеварско зеленило.
Екипите од сектор Подигнување зеленило тековно продолжуваат со уредување на новите зелени површини, од десната страна на кејот на Вардар, во општините Аеродром и Карпош.
Денес екипите од сектор Дрвореди по издадено решение од страна на Секторот за комунални работи на Град Скопје, вршат кроење на осум дрвја на улица Трета македонска бригада, во општина Аеродром.
На неколу локации нашите екипи започнаа со машинско косење на тревните површини. Со денешниот план се коси тревната површина на страничното зеленило на улиците Франклин Рузвелт и Самоилова, во Центар, на булеварот Кузман Јосифовсли Питу и дел од зеленилото во вториот дел на Градскиот парк.
На терен нашите екипи продолжуваат со собирање и чистење на лисја и хартија од тревните површини на локации во реоните Јане Сандански, Аеродром, Топанско поле, Карпош, Чаир, Бутел и Градскиот парк, а пак кроење на грмушки за денес екипите спроведоа долж зеленилото на булеварите Александар Македонски и АСНОМ како и во Рајскиот парк.
Околу петстотини коренчиња на сезонски расад од видовите шебој и селене пендула ги засадивме во жардиниерите на кејот на р.Вардар во центарот на градот. Садењето на цветен расад периодов нашите екипите го вршат низ повеќето реони, како дел од тековното дополнување и уредување на цветните површини низ јавното зеленило.
Утрово на зеленилото на булеварите В.С.Бато и Партизански одреди во Влае, започнавме подготовка на теренот, со копање дупки, за претстојното садење на повеќе видови садници.