Утрово, кога природата повторно се буди, во срцето на градот вредно работат теренските екипи од сектор Дрвореди. Со посветеност и претпазливост се реализира обликување на дрвјата на Плоштад Македонија, со цел подобрување на естетскиот изглед и уредување на јавниот простор.