Со утврдениот денешен план за работа на екипите од сектор Дрвореди согласно издадените решенија од страна на Секторот за комунални работи на Град Скопје, се изврши кроење на дрвја на неколку локации низ вегетацијата на градското зеленило.
Оперативните екипи интервенираа на кастрење и обликување на дрвјата на улицата Локов бр. 26 во општина Кисела Вода, дрворедот кај х. Парк во Градскиот парк и зеленилото кај паркингот на Градска Општа Болница во Центар.