Ги информираме граѓаните дека од 26.06.2023 година рампата на Средно Водно ќе биде затворена 24 часа освен за службени полициски и воени возила, возила на брзата помош и противпожарната бригада и возила за кои има издадено дозвола за движење Град Скопје. Дежурен телефон на Средно Водно 071 223 834.
Косењето и понатаму останува приоритетна и редовна активност на нашите екипи, кое денес го реализираа на дел од ширините на коритото на кеј на р.Вардар во реонот Центар. Ова се дел од редовните работни задачи согласно Годишната програма за подигање и одржување на зеленилото на подрачјето на Град Скопје.
За добредојде во нашето Скопје, она што сигурно ќе го забележите и ќе ве пречека на зеленило на булевар Александар Македонски е уредената цветна леа СО ЉУБОВ ЗА СКОПЈЕ. Цветниот слоган е токму тој кој се издвојува во зелениот простор на булеварот каде деновиве екипите од тој реон го украсија со жолтиот тагетес и црвената
Виолински клуч е новата цветна фигура која ја оформивме и уредивме по повод 21-ви јуни, светскиот ден на музиката. Музичкиот знак беше инспирација за нашите вредни екипи да го исцртаат на зеленилото во паркот Ибни Пајко, каде белата бегонија му ја дава компактноста и разноликоста на самиот знак, притоа вклопувајќи се во хортикултурната целина низ
Во летното украсување на градот со сезонски цветен расад ги уредивме и цветните површини низ општина Бутел. Теренските екипи изминативе денови со цвеќе од видот бегонија, каранфилче и агератум ги разубавеа цветните фигури и леи на булеварското зеленило кај кружниот тек во реон Бутел. Покрај активностите на садење цвеќе, се извршија и редовните активности за
Дел од денешните планирани активности е косењето на средишното зеленило на бул. Јане Сандански и Александар Македонски. Ова зеленило е со зголемен интензитет на одржување и редовното косење на тревата и одржување на вегатацијата е приоритетно, особено во овој период од годината.
В.Д. Директорот Сефи Шабани направи увид на состојбата и оперативните активности на објектите на терен, кои ги изведува секторот Подигање на зеленило, по налог на Град Скопје. Зазеленувањето на нови површини е нашата зложба која заедно со Град Скопје најстојуваме да ја реализираме преку предвидените проекти на повеќе локации низ градското зеленило. Дел од нив
Освен што редовното косење на тревата го подобрува визуелниот изглед на парковите и создава убава атмосфера за посетителите, косењето исто така го стимулира растот и регенерацијата. По косењето, тревата има можност за подобра апсорпција на сончевата светлина, што ја подобрува фотосинтезата и растителниот раст. Ова помага во одржување и проширување на тревната површина во паркот.
За поголема прегледност и безбедност во сообраќајот ги кастриме надвиснатите гранки на дрвјата долж ул. Васил Чекаларов, по издадено Решение од страна на Секторот за комунални работи на Град Скопје.
Во паркот Македонија, кој плени со шареноликиот колорит на цвеќињата во леите и цветните фигури, може да поминете прекрасни мигови на релаксација!