Виолински клуч е новата цветна фигура која ја оформивме и уредивме по повод 21-ви јуни, светскиот ден на музиката.
Музичкиот знак беше инспирација за нашите вредни екипи да го исцртаат на зеленилото во паркот Ибни Пајко, каде белата бегонија му ја дава компактноста и разноликоста на самиот знак, притоа вклопувајќи се во хортикултурната целина низ зеленилото во центарот на градот.
Одбележувањето го заокруживме и со уредување на цветната фигура Пијано, во реонот Кале каде екипите ја уредија со летното цвеќе од видот петунија.
Share