Високите температури кои периодов го зафатија скопското подрачје носат зголемена опасност од настанување на пожари на отворен простор, поради што апелираме до сите граѓани на зголемена будност и мобилност.
Со цел да се спречат несакани последици апелираме да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.
Воедно, доколку забележите пожар може да пријавите на тел. 193 Противпожарна бригада, на тел. 112 во Центарот за управување со кризи, или на 070268936, дежурниот број на ЈП Паркови и зеленило.
Share