Продолжуваме со повеќедневната акција, во соработка со ЈП Комунална хигиена, за уредување на јавното зеленило на бул. Никола Карев, при што се врши: ➪ Косење на трева ➪ Собирање на отпадоци ➪ Офрмување ивици ➪ Собирање на хартија и отпадоци ➪ Утовар
Денес, теренските екипи го вадат стариот расад и ги подготвуваат цветните леи за претстојното садење на кружните текови во Ѓорче Петров и кај Порта Влае.
Денес претставници на претпријатието заедно со советничката на директорот Сања Ивановска остварија посета на средното богословско училиште Свети Климент Охридски - Скопје, при што подаривме цвеќе кое беше засадено во училишниот двор. Просторот сега е цветно оплеменет, за попријатен престој на учениците и наставниците.