Во паркот Македонија, кој плени со шареноликиот колорит на цвеќињата во леите и цветните фигури, може да поминете прекрасни мигови на релаксација!
Оваа работна недела ја започнавме со косење на зеленилото на бул.Александар Македонски во Автокоманда. Теренските екипи со соодветна механизација го уредуваат зеленилото како на средната лента, така и од двете страни на булеварот, на излезот од Скопје. *
Покрај естетиката, хортикултурната структура на булеварското зеленило низ сообраќајниот крвоток е од особено значење против аерозагадувањето во урбаните средини на градот.
Салвија, импатијанс, тагетес, бегонија и агератум се цвеќињата со кои што нашите теренски екипи ги разубавеа цветните форми и леи низ градот.
Косењето на тревните површини е сѐ уште актуелна активност на екипите низ сите реони во градот.
Летните цвеќиња се тие кои неизбежно ќе ве пресретнат низ зеленилото во градот.
По повод 5 јуни, светскиот ден на животната средина, денес во паркот на природата Гази Баба организиравме акција за чистење на отпадоците, во која се приклучија поголемиот дел од административните работници, како и раководството на претпријатието. Да го промениме светот, почнувајќи од својата животна средина!
Денешното дружење го поминавме интересно и насмеано заедно со дечињата од градинката Монтесори - Изворче, по повод 1 јуни - меѓународниот ден на децата. Учевме за тоа како се садат цвеќиња, заеднички разубавајќи го зеленилото во кругот на градинката. Една од навиките кои треба да ја пренесеме на идните генерации е грижата за чиста и
По издадено Решение од страна на Град Скопје и во соработка со ЈП Градски паркинг, екипите извршија кастрење на гранки кај јавното паркиралиште Треска.
Со косење на тревните површини и собирање откос теренските екипи продолжуваат со одржување на градското зеленило.