Нови садници го збогатија зеленилото покрај улица Јордан Мијалков!
Денес теренските екипи засадија нови садници од видот acer campestre и photinia, на улицата Јордан Мијалков, во центарот на градот.
Во активностите се приклучи и директорот Сефи Шабани заокружувајќи го севкупниот тек на реализирање на денешната акција за садење.
Дрвјата во урбаните средини играат важна улога во подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на бучавата од автомобилите и формираат зелени простори што придонесуваат во севкупната убавина на градот.
Share