На зеленилото на бул.Филип Втори денес продолжуваме со акцијата за уредување на јавното зеленило, каде екипите вршат: -Косење на трева -Собирање откос -Кроење на грмушки -Собирање на хартија и отпадоци -Утовар во камион Согласно планот за работа активностите ќе се одвиваат и наредните денови, на претходно предвидени локации низ градот.
Отпочнавме акција за чистење на јавните површини во центарот на градот. Од денес теренските екипи на ЈП Паркови и зеленило во соработка со ЈП Комунална хигиена, ќе спроведат акција за чистење и уредување на зеленилото на булевар Гоце Делчев. Акцијата опфаќа косење на тревните површини, кроење на вегетацијата, собирање на отпадоци и смет, како и
Денес, теренските екипи го вадат стариот расад и ги подготвуваат цветните леи за претстојното садење на кружните текови во Ѓорче Петров и кај Порта Влае.
Успешно ја завршивме акцијата за чистење и уредување на зеленилото од двете страни на патот, на потег од влезот на Сарај до с.Бојане, каде интензивно се вршеше: -детално чистење на површините покрај автобуските станици, -кастрење на гранките и грмушестите растенија крај патот, -косење на тревните површини и собирање на откос, -чистење на шут и отпадоци
Денес екипите ги исчистија езерцата во Градскиот парк од паднати лисја, гранки и отпадоци.
Вадење на стариот расад и подготовка на леите за престојното садење низ градското зеленило.
Кроење рози и нискостеблеста вегетација, собирање лисја, хартија и отпадоци се денешните активности на екипите во паркот Ибни Пајко.
Десетгодишнината од основањето на Здружение на граѓани АКЦИЈАШИ Скопје, денес го одбележавме со симболично садење на десет садници од видот thuja rozentalis во дворот на паркот на Пензионерскиот дом во Чаир. Донираните зимзелени садници веќе го разубавиваат зеленилото во дворот, благодарение на трудољубивоста, посветеноста и заложбата на лицата од здружението, овозможувајќи во просторот пријатен престој
Ги искроивме розите и нискостеблеста вегетација кај кружниот тек во реон Бутел. Продолжуваме со одржување на зеленилото низ останатите јавни површини во оваа општина.
По барање на ЈСП денес екипите од сектор Дрвореди извршија кастрење и обликување на дрвјата пред влезот на жичарницата на Средно Водно, со цел безбедно движење на посетителите.