Приоритетно, актуелно, интензивно! Екипите на терен вршат косење на тревата низ зеленилото насекаде низ градот.
Жардиниерата кај Споменикот на ослободителите на Скопје ја уредивме со нов летен расад.
Ги косиме тревните површини и собираме откос низ зеленилото во реон Топанско Поле.
Акција за чистење на кејот на Вардар со комуналните претпријатија на Град Скопје.
Дел од пролетното косење на тревните површини и собирање откос денес го реализираме од кружниот тек во Бутел долж улицата Боца Иванова.
Посетеноста беше одлична за време на продолжениот викенд на СРЦ Сарај, каде денес екипите вршат тековни активности на одржување на зеленилото во паркот.
Рубиновата нијанса на фотинијата од денес се забележува низ зелениот појас на булевар ,,Јане Сандански".
Пролетно разубавување на жардиниерите на плоштад „Скендербег".
Завршни активности на проектот Градење капацитети за еко-системи базирано намалување на ризиците од катастрофи. Директорот Зухејр Реџепи оствари средба со претставник од јапонската агенција за развој "Џајка", на која се разгледаа завршните активности на проектот, кој опфаќа развој на модел против поплави, лизгање на земјиштето, ерозија на почвата и шумски пожари на веќе определени локации
Дел од вработените на претпријатието учествуваа во донирање облека, поддржувајќи ја акцијата по повод Недела на солидарноста што ја организира Црвениот крст на град Скопје. Човекова доблест кон која треба да се стремиме е меѓусебно помагање и дарување. Благодарност до сите кои донираа.