Нашите екипи денеска вршат поткастрување на дрвјата на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов со цел зголемување на безбедноста на сите минувачи. Воедно со поткаструвањето, се овозможува непречено движење на пешаците и велосипедистите по патеките, и се обезбедува поголема прегледност на сообраќајната сигнализација, со што се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Отстранувањето на сувите и скршените надвиснати гранки, покрај тоа што придонесува за зголемена безбедност, туку и ја подобрува стабилноста и здравјето на дрвото, овозможувајќи му поголема циркулација на сончева светлина и воздух.
Со ова се подобрува и севкупниот изглед на урбаниот пејзаж во градот.
Share