Страничното зеленило на бул.11 Октомври го збогативме со садници од видот прунус.
Украсната хортензија е таа која од денес разиграно се забележува низ дрворедот долж средишната жардиниера на булевар Партизански одреди.
Денес во цветното разубавување на градот свој придонес дадоа и вработени од администрацијата, засадувајќи виола во рунделата во Градски парк.
Нова тревна површина Ново хортикултурно уредување Нов систем за полевање Да, ова е новиот изглед на јавната површина - зелен плоштад во центарот на градот, кај Даут-пашин амам. Денес директорот Зухејр Реџепи заедно со директорот на ЈП Улици и патишта Саид Саид засадија садници од видот јуниперус елводи во кружната жардиниера кај споменикот на плоштад
Со сезонска љубичица ги украсуваме цветните фигури низ булеварското зеленило.
21 Март го одбележавме со акција за садење на зимзелени садници во присуство на директорот Зухејр Реџепи, градоначалничката Данела Арсовска и директорот на Золошката градина Зоран Попов. Во активностите за пријатно добредојде на пролетта учествуваа и ученици од средните училишта и ученици од ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ од Скопје, раззеленувајќи го дворот
Вистинска пролетна атмосфера денес во кругот на Филозофскиот факултет - Скопје. Дел од раководниот тим на нашето претпријатие садеше цвеќе и млади зимзелени садници заедно со деканот проф. д-р Ратко Дуев, продекан проф. д-р Наташа Станојковска Трајковска, професори и студенти, сите заедно. Благодариме на сите кои се вклучија во акцијата и се надеваме дека овие
Површина - 30.000 метри квадратни 500 нови дрвја и садници 26 нови летниковци, нова урбана опрема, пешачки патеки и фонтани. 2 нови спортски терени 2 детски игралишта 2 паркови за домашни миленици, една за фитнес Локација улица „Mакедонскo-Косовска бригада“ (наспроти маркет Вива Фреш), во населба Топанско Поле Изградбата на Мега-паркот дојде како меѓуопштинска соработка помеѓу
Со 24 декоративни зимзелени садници, од видот thyja piramidalis orientalis aurea, го уредивме булеварското зеленило во Порта Влае заедно со директорот Зухејр Реџепи и заменик управителот на Флораком Нусрет Гани, што беше доволен мотив за екипите од тој реон да го комплетираат хортикултурното уредување на овој дел од булеварот.
Директорот Зухејр Реџепи заедно со Горан Башевски, управител на Луна Дооел, исто така дадоа свое учество во засадувањето на нискостеблестите растенија, од видот нандина, на бул.Гоце Делчев. Уредувањето со нови видови на растенија комплетно се вклопува на средишното булеварско зеленило, формирајќи убава зелена композиција.