Со задоволство ја прифативме иницијативата на еко – активистите од компанијата Моја фирма, за садење садници.
Во присуство на директорот Сефи Шабани, претставници од Град Скопје и од општествено одговорната компанија денес се засадија 100 нови дрвја од видот acer platanoides збогатувајќи го зеленилото во мега паркот Даме Груев кај Лепенец.
Преку ваквите акции на оззеленување на јавните површини во градот, заеднички придонесуваме во намалување на загадувањето на воздухот и унапредување на животната средина.
Денешното садење е дел од регионалната еко акција ,,Дрво на пријателството” поддржана од страна на Европскиот фонд за Балканот, која што се одржува веќе 4-та година по ред во шест држави во регионот.
Share