Денес директорот Сефи Шабани го посети расадникот Бутел и направи увид на дрвјата и садниците кои се од сопствено производство на претпријатието.
Притоа, тој се информираше за предизвиците и состојбата на производните капацитети и садниците кои ќе бидат дел од уредените јавни зелени површини во градот.
Директорот потоа ги посети теренските екипи на улица Рузвелтова, каде што се садат млади садници од видот костен и ловор-вишна (prunus), на местата каде истите беа исушени или пак недостасуваа.
Share