Екипите од сектор Дрвореди периодов посветено вршат уредување на крошните на дрвјата низ главните улици и булевари во градот.
Денес по должина на дрворедот на улица Рузвелтова извршивме поткастрување на гранките на дрвјата, овозможувајќи поголема прегледност и безбедност за сите учесници во сообраќајот.
Како дел од предвидените комунални активности во одржување на вегетацијата низ градското зеленило, кроењето ќе продолжи и наредните денови.
Share