Со засадување на нови садници од видот платан денес го уредивме страничното зеленилото на булевар Теодосиј Гологанов во централното градско подрачје.
Активностите на збогатување со нови млади садници на овој дел од булеварското зеленилото го извршивме на местата каде истите беа суви и оштетени или пак недостасуваа.
Садниците и зеленилото се повеќе од потребни имајќи го предвид нивното значење, особено покрај најфреквентните сообраќајници во градот.
Булеварското уредување го надополнивме со садење на есенската љубичица која ги исцртува леите на кружниот тек на булеварот.
Share