По повод 6ти Октомври- меѓународниот ден на живеалиштата, денес во првиот дел на Градски парк поставивме нови дрвени ќукарки за птици.
Поставувањето го проследи и директорот Сефи Шабани заедно со раководниот тим, поздравувајќи ја идејата која беше доволна инспирација за вредните раце на нашите столари.
Разновидната и богата вегетација во паркот е дом на голем број птици кои се повеќе од потребни и полезни во урбаните средини.
Share